Барселона засега остана без никаков бек, по повредата на Климент Ленглет во длабоката победа од 4:0 против Осасуна во неделата во Примера.
Францускиот дефанзивец беше принуден да го напушти теренот „Камп Ноу“ во второто полувреме поради повреда, предизвикувајќи главоболки кај тренерот Роналд Куман.
Неговата повреда значи дека Барса во овој момент нема на располагање центарални-бекови, бидејќи повредени се и Жерард Пике, Роналд Араухо и Самуел Умтити.
Играчот на Барселона Б, Оскар Мингуеза, во неделата играше во почетниот состав заедно со Ленглет, а повредата на Французинот значи дека 21-годишниот играч ќе игра за тимот А во многу од следните натпревари.
Играчот од средниот ред Френки де Јонг играше како централен бек по повредата на Ленглет против Осасуна и се очекува да ја игра таа улога во следните натпревари со оглед на отсуствата и со оглед на фактот дека Куман го користеше на таа позиција неколку пати.
Жуниор Фирпо е друга опција за централнен бек.
Барселона се очекува да бара централнен бек во јануари бидејќи Пике и Умтити ќе отсуствуваат подолго време.