Екипата на Барселона ова лето направи одличен преоден рок.
И покрај големите финансиски проблеми, каталонскиот гигант успеа да доведе имиња како Роберт Левандовски или Рафиња, а наводно се подготвени да комплетираат уште неколку големи засилувања до крајот на август.
Сепак, Барса за следното лето подготвува трансфер кој би можел да го потресе светот на фудбалот. Шпанските медиуми тврдат дека Каталонците ќе тргнат по ѕвездата на Ливерпул, Трент Александер-Арнолд.
Наводно, десниот бек на црвените ќе биде единствениот фудбалер за кој Барселона ќе троши пари во летото 2023 година. Подготвени се да понудат 80 милиони евра за ѕвездата на тимот од Енфилд.
Александер-Арнолд има договор со Ливерпул до 2025 година. Тој е исклучително важна алка во играта на „црвените“ и сигурно е дека клубот не сака лесно да се откаже од неговите услуги.
Сигурно ќе биде интересно да се види дали Барселона ќе успее да го реализира овој трансфер. Тоа секако би била вистинска бомба и можеби најголемиот трансфер летото 2023 година.
Да потсетиме, многу се шпекулира дека Барса следното лето би можела да го врати Лионел Меси од ПСЖ, кој на крајот од оваа сезона е слободен играч.
Трент Александер-Арнолд целата своја фудбалска кариера ја помина во Ливерпул. Ги помина сите младински категории, а за првиот тим дебитираше во 2016 година на дуелот против Тотенхем.
Вкупно, овој 24-годишен дефанзивец одигра 227 натпревари за „црвените“ и постигна 13 гола. Успеа да освои бројни трофеи, вклучувајќи ги Премиер лигата, ФА Купот, Лигата на шампионите, ЕФЛ Купот, УЕФА Суперкупот и ФИФА клупското првенство.
Александер-Арнолд е и стандарден репрезентативец на Англија. За Горди Албион одигра 17 натпревари и постигна еден гол.