ФУДБАЛ

Барселона поготви интересна размена, Кутињо за Канте

Шпекулациите дека Нголо Канте од Челзи моѓе да ја просолжи кариерата во Барселона, се повеќе и повеќе се засилуваат.

Како што пишува весникот „Мундо Депортиво“, Каталонците бараат играч од средниот ред кој би донел агресија во средниот ред, и кој може да ја контролира топката.

Поради оваа причина, Барселона се заинтересирани за трансфер на Канте. Раководството на клубот сака да му понуди на Челзи размена на 29-годишен Французин за играчот од средниот ред Филипе Кутињо, кого лондонскиот клуб сака да го потпише.

Претходно беше објавено дека Кутињо може да замине во Лестер на позајмица. За него се  заинтересирани и Тотенхем и Манчестер јунајтед.