Каталонскиот гигант Барселона очигледно реши да направи уште неколку размени ова лето.
Откако се договорија со Јувентус да го разменат Артур Мело за Миралем Пјаниќ, екипата од „Камп Ноу“ сака да го ангажира и дефанзивецот на Арсенал, Сократис Папастатопулос.
„Мирор“ наведува дека каталонскиот клуб испратил понуда до Топџиите, а за Сократ се подготвени да му понудат на францускиот дефанзивец Жан Клер Тодибо.
Тодибо последниве месеци се поврзуваше со многу клубови, вклучувајќи го и Арсенал, а сигурно е дека оваа размена има смисла и лесно може да се случи на крајот.
Ќе видиме дали тоа навистина ќе се случи. И на двата клуба итно им се потребни одредени промени во одбраната и ова е почеток на реновирање на двата тима.