Барселона веќе извесен период ги следела настапите на Карим Адејеми, германски фудбалер кој во моментов настапува за Лиферинг во Австрија, во тамошната втора лига.
Оваа сезона тој покажува неверојатни способности, а во овој клуб 17 годишниот напаѓач настапува на позајмица од Лајпциг. Барселона се интересира за неговите услуги. Меѓутоа не единствениот клуб, бидејќи тука се Ливерпул и Арсенал кои веќе ги контактирале челните луѓе на Лајпциг.
Наводно, Барселона понудила 15 милиони евра, но понудата веднаш била одбиена.