Заедно со Килијан Мбапе, Ерлинг Халанд ќе биде најголемата ѕвезда на летниот преоден рок.
Двајцата овие играчи се поврзуваат со Реал Мадрид. Сепак, малку е нереално да се очекува дека Кралевите можат да ги потпишат двајцата во ист период, па Мбапе засега е пореална опција.
Каталонскиот весник Спорт денеска објави дека претставниците на Реал Мадрид веќе постигнале договор со таткото на Ерлинг околу трансферот во Мадрид.
Сепак, неколку часа подоцна истиот весник наведува дека Барселона нема намера да се откаже од доведување на феноменален норвешки напаѓач.
Новинарот Феран Кореас ја откри понудата на каталонскиот великан до фудбалерот и неговите агенти Мина Раиоли и таткото Алфу-Инге.
Барселона нуди 20 милиони евра по сезона, петгодишен договор и е подготвена да го плати целото обештетување кое го бараат таткото и менаџерот на одличниот напаѓач.
Исто така, во понудата се вклучени и голем број бонуси за учинок, а ветија и можност за зголемување на платата во иднина, кога клубот ќе „застане на нозе“.
Претседателот на клубот Жоан Лапорта се обидува да го убеди Халанд дека доаѓањето на Камп Ноу ќе му ги зголеми шансите за освојување на Златната топка и ќе му гарантира дека ќе биде центар на сите клупски проекти, особено на маркетингот.
Ќе видиме што ќе одлучи Халанд на крајот, но сигурно ни претстои многу интересно лето кога е во прашање трансферот на Ерлинг Халанд.