ФУДБАЛ

Барселона потврди: Артур нов играч на Јувентус!

Како што беше најавено, Артур Мело ја продолжува кариерата во италијанскиот шампион.

Фудбалерот на репрезентацијата на Бразил одби да ја напушти Барселона порано, но на крајот се согласи со условите на Старата дама и го напушти „Камп Ноу“ во замена за Миралем Пјаниќ.

Барселона во својот текст наведува дека играчот преминал во Јувентус за 72 милиони евра со 10 милиони евра бонуси. Сепак, на сите им е јасно дека тие 72 милиони ги добила со Пјаниќ.

„Играчот останува во ФК Барселона до крајот на официјалните натпревари за крајот на сезоната 2019/20“, изјави Барселона.

Артур пристигна во клубот летото 2018 година од Порто Алегри, а досега има одиграно 72 натпревари за Каталонците и има постигнато четири гола.