ФУДБАЛ

Барселона потврди голем трансфер

Екипата на Барселона денеска го потврди договорот со Лидс Јунајтед околу трансферот на бразилскиот фудбалер Рафиња.

 

Рафаел Диас Белоли е 25-годишен фудбалер кој игра на позицијата крилен напаѓач и доаѓа во Барселона од Лидс, каде ги мина последните две години.

Барселона за услугите на овој фудбалер ќе му плати на англискиот клуб 58 милиони евра, а играчот ќе биде претставен откако ќе ги помине лекарските прегледи.

Пристигнувањето на Бразилецот на Камп Ноу се очекува денеска.

 

Рафиња смени неколку европски тимови пред Лидс Јунајтед. Тој играше една сезона за Рен и Спортинг Лисабон, а две години за Виторија Гимараеш.

 

Овој 25-годишен фудбалер кариерата ја започна во Аваи, а треба да се напомене дека со каталонскиот гигант ќе потпише петгодишен договор.

Треба да се напомене дека покрај Рафиња, Барселона веќе ги доведе Франк Кесие и Андреас Кристенсен, а нов договор ќе потпише и Усман Дембеле.