Барселона денес потврди дека никој од играчите и членовите на првиот тим не е заразен со коронавирус.
Каталонците вчера го направија тестирањето, а денес добија зелено светло за да започнат со тренинзите. Фудбалерите на Барселона ќе тренираат утре, а во почетната фаза тренинзите ќе се одвиваат во помали групи.
Барселона вечерва потврди дека тренингот на првиот тим е закажан за утре во 9:30 часот, по пауза од скоро два месеци. Исто така, на играчите им беа дадени упатства за тоа како треба да се однесуваат и кои правила мора да ги следат.
По пристигнувањето во тренинг центарот, нивната температура ќе се мери, а секој од нив ќе влезе во клупските простории одделно.
Исто така, добија наредба да се подготват за тренинг во нивниот дом и да дојдат во тренинг центарот во опрема за да избегнат средба со играчите во соблекувалните.