Барселона официјално го објави привлекувањето на Жан-Клер Тодибо од Тулуз.
Францускиот фудбалер ќе се приклучи на шпанскиот шампион на 1 јули 2019 година на слободен трансфер, бидејќи неговиот договор со Тулуз истекува на крајот на сезоната и каталонците нема да плаќаат сума за неговите права.
– Една од најсилните страни е неговата импресивна физичка подготвеност, како и добрата игра во воздух. Едвај 19-годишен, тој пристигнува во Барселона како еден од најмногу ветува играчи во цела Европа, се вели во соопштението на каталонците.
Тодибо има 10 натпревари и 1 гол за Тулуз оваа сезона. Роден во Француска Гвијана,тој е младински репрезентативец на „триколорите“.