ФУДБАЛ

Барселона разговара со агентите на двајца врвни играчи

Екипата на Барселона ќе направи голем број измени во тимот за следната сезона.

Каталонскиот великан ќе се обиде да се ослободи од многу претходни членови на тимот, а на нивно место ќе бидат донесени нови играчи.

Засега редовите на тимот од Камп Ноу се засилени со Ерик Гарсија и Серхио Агуеро од Манчестер Сити, а холандскиот напаѓач Мемфис Депај наскоро треба да го потпише договорот.

Барса очигледно ќе биде активна до крајот на преодниот рок, а новинарот на „Ел Чирингита“, Хозе Алварез донесе доста интересни информации денес.

Тој тврди дека управата на каталонскиот гигант минатата недела водела разговори со агентите на двајца врвни играчи од англиската Премиер лига.

Сепак, Аварез не ги спомена имињата на тие фудбалери, па оваа информација дефинитивно треба да се земе во предвид.

ПОВРЗАНО

Премиер Лига