Каталонскиот клуб сака да ја разбере одлуката на Меси, како што се вели во соопштението, „да игра во лига со помалку барања и далеку од рефлекторите“.
Лео Меси не оди во Саудиска Арабија, не се враќа во Барселона, туку лета за Мајами. Тоа е епилогот на сагата.
Барселона излезе со соопштение во кое тврди дека Лионел се надевал на враќање, но дека таткото и претставникот, Хорхе случајно го спомнале Интер Мајами.
„Во понеделник, на 5 јуни, Хорхе Меси, таткото и претставникот на играчот, го информираше претседателот на клубот Жоан Лапорта за одлуката на играчот да му се приклучи на Интер Мајами, и покрај тоа што доби предлог од Барса, земајќи ја предвид желбата и на Барселона и на Лионел Меси да уште еднаш го носе дресот на „Блауграна“, се вели во соопштението.
„Претседателот Лапорта ја разбира и ја почитува одлуката на Меси дека сака да се натпреварува во лига со помалку барања, далеку од центарот на вниманието и притисокот на кој беше изложен во последниве години“, продолжи во соопштението .
„И Жоан Лапорта и Хорхе Меси исто така се согласија да работат заедно за да подготват соодветна почит од навивачите во чест на фудбалерот кој е, бил и секогаш ќе биде сакан во Барса“, се заклучува во соопштението.
