ФУДБАЛ

Барселона се огласи откако навивачите го навредуваа Куман пред стадионот

Барселона уште еднаш ги разочара своите навивачи бидејќи на домашен терен беше поразена од Реал Мадрид со 2:1.

„Ел Класико“ уште еднаш му припадна на кралскиот клуб, кој победи на гости со 2:1, а за Роналдо Куман, ова е трет пораз во дуелите против Реал Мадрид откако стана тренер на Барселона.

Холандскиот стручњак по нов пораз повторно доби жестоки критики, а навивачите бараат од него да го напушти клубот од Барселона.

Сепак, Куман не сака да поднесе оставка и очигледно е дека чека отказ, бидејќи во тој случај ќе добие дури 12 милиони оштета.

Најогнените навивачи на Барса на Куман вечерва го чекаа пред стадионот, кои го опколија неговиот автомобил и му испратија навреди и му наредија да поднесе оставка.

По овие сцени, Барселона најави и дека навивачите не смеат да се однесуваат вака и дека ќе бидат преземени безбедносни и дисциплински мерки за да не се повтори.

„ФК Барселона јавно ги осудува насилните и презирните дејствија што ги доживеа нашиот тренер кога го напушти Камп Ноу. Клубот ќе преземе безбедносни и дисциплински мерки за да се осигура дека вакви немили настани никогаш повеќе нема да се повторат“, се вели во соопштението.