Екипата на Барселона се откажа од ангажирањето на Алваро Мората.
Каталонскиот тим не успеа да се договори со Јувентус и Атлетико Мадрид за трансферот на Мората.
Торинскиот гигант не сакаше само да го пушти Шпанецот без адекватна замена, а Атлетико од Каталонците побара отштета од 40 милиони евра.
Барселона не сакаше да ја даде таа цифра за играчот. Тие решија да се откажат од Мората и да се свртат кон втората опција.
Фудбалерот на ПСЖ, Мауро Икарди сега се поврзува со Барселона. Наводно, тимот од Камп Ноу ќе се обиде да го донесе на позајмица и ќе видиме дали тоа навистина ќе се случи.
Мауро Икарди својата европска авантура ја започна во Барселона. Тој како 15-годишник пристигна од Аргентина, но три години подоцна замина во Италија.
Иако имаше одлични партии, особено во дресот на Интер, Икарди е многу попознат по она што го прави надвор од теренот и по односот со Ванда Нара.
Постојано е во центарот на вниманието, а доаѓањето во Барселона уште повеќе би привлекло внимание на неговиот приватен живот.