ФУДБАЛ

Барселона се откажува од Вилијан, но има некој што не се откажува

Судбината на Бразилецот Вилијан сè уште не е позната.

Тој во моментов е во последната година од договорот со Челзи, а англиските медиуми велат дека тој нема да го продолжи договорот.

Челзи најверојатно нема да му понудат подолг договор од една година на Вилијан, бидејќи таква е политиката на клубот за играчи над 30 години, па поранешната sвезда на Шахтјор ќе бара клуб каде ќе добие подолг договор.

Пред неколку дена беше објавено дека главните кандидати се Барселона и ПСЖ, но Каталонците наводно се откажале.

Порталот „Дон Балон“ наведува дека ПСЖ сè уште не се откажал и дека Вилијан е на врвот на нивната листа на желби. Бразилецот секако може да дојде бесплатно и таква можност парижаните не сакаат да ја пропуштат.

Исто така, треба да се напомене дека Јувентус, кој е познат како клуб кој често носи играчи кои се во последните години од договорот, неодамна се вклучи во трката.

Сепак, во извештаите се вели дека ПСЖ е најблизу до ангажирање на 32-годишен фудбалер засега, и ќе испрати понуда за неколку недели.

Вилијан има забележано 37 натпревари во сите натпреварувања оваа сезона, постигнувајќи седум гола и додаде шест асистенции.