Барселона е во сериозни финансиски проблеми и сега за решавање на тој проблем помош мора да бара од оние кои играат на теренот. Донекаде успеале да најдат решение. Играчите се согласиле на намалување на платите, а сумата која ќе се заштеди навистина е голема.
Играчите и стручниот штаб се согласиле на намалување на платите, а со ова во наредниот период ќе се заштедат дури 172 милиони евра. Барселона само во сезоната 2020/21 на овие „резови“ ќе заштеди 122 милиони, а во наредните три сезони од оваа мерка во касата ќе останат дополнителни 50 милиони. Клубот ја потврди оваа информација дополнувајќи дека овој чекор е голем за финансиската стабилност на клубот, ако се знае дека долговите со неверојатни 488 милиони евра.