Атлетик Билбао ја елиминираше Барселона од Купот на кралот.
„Баскијците“ постигнаа гол во судиското надополнување за голем триумф, а по натпреварот Каталонците се пожалија на судењето и чувствуваа дека се оштетени за чист пенал.
После дуелот во шеснаесетникот, Френки де Јонг падна, но судијата не одговори, предизвикувајќи гнев кај навивачите и играчите на Барселона.
Беа упатени големи обвинувања против судијата на овој натпревар, а се огласи и фудбалрот на Атлетик, Иниго Мартинез. Тој имаше прилично ироничен коментар.
„Слушајте дека Барселона се жали на судењето? Баш чудно!“, Изјави Иниго Мартинез по натпреварот.
Сите протести се залудни, секако, а екипата на Билбао се најде и во полуфиналето, каде ќе играат против Гранада.
Во другото полуфинале играат Реал Сосиедад и Мирандес. Првите натпревари се играат на 12 февруари, додека реванш натпреварите се закажани за 4 март 2020 година.
Финалето се игра на 18 април во Севилја.