Барселона денес им соопшти на навивачите колку долго играчот од средниот ред, Усман Дембеле ќе биде надвор од терените, поради последната повреда.
Тој беше повреден пред неколку дена на тренинг во каталонскиот клуб, а веднаш се појавија вести дека тој нема да биде на теренот цели четири месеци, или дека сезоната за него е завршена.
По операцијата, што се случи во Финска, Барселона соопшти уште полоши вести за навивачите. Имено, Французинот нема да биде на терените шест месеци, што значи дека сигурно ќе го промаши и Европското првенство.
Операцијата во Финска инаку ја изврши д-р. Ласе Лампаинен, и траеше два часа.
Интересно е што Фудбалската федерација на Шпанија ќе и овозможи на Барселона да донесе уште еден фудбалер поради повредите на играчите и покрај тоа што преодниот рок заврши.
Услов за Каталонците ќе биде да доведат играч од друг клуб во Ла Лига или да бидат играч кој во моментов е слободен.
Оваа постапка ќе се одобри само кога медицинските досиеја на лекарот што го оперираше Дембеле ќе пристигнат во Фудбалската асоцијација, докажувајќи сериозен степен на повреда и долг период на опоравување.
⚠️ [ÚLTIMA HORA]@Dembouz estará seis meses de baja#CourageDembele
— FC Barcelona (@FCBarcelona_es) February 11, 2020