Тренерот на репрезентацијата на Холандија, Роналд Коман, ја одби понудата на Барселона да го замени Ернесто Валверден како тренер. Сега, Каталонците стапија во контакт со Маурисио Почетино.
Потрагата по тренер на Барселона за замена на многу критикуваниот Ернесто Валверден се покажа како доста голем предизвик. Откако Чави реши да не ја прифати понудата на неговиот поранешен клуб, сега и Коман ги одби Каталонците.
Шпанските медиуми дури пишуваат дека Коман бил изненаден што добил понуда од Барселона, и покрај тоа што бил свесен за притисокот под кој се наоѓа Валверде.
Коман има клаузула во неговиот договор со Холандскиот национален тим што му овозможува да замине во Барселона, но само по ЕУРО 2020.
Откако Коман и Чави ја отфрлија Барселона, управниот одбор на клубот сега го сврте погледот кон Почетино. Каталонската радио станица „RAC1“ известува дека Почетино сега е фаворит за замена на Валверден.
Претходно, Почетино изјави дека повеќе би сакал да работи на својата фарма во Аргентина, отколку да стане тренер во Барселона, но сега можеби се премисли.