ФУДБАЛ

Барселона стравува дека Гризман може да заврши како Кутињо

Одборот на Барселона се плаши дека напаѓачот Антоан Гризман може да заврши како играч од средниот ред Филипе Кутињо.

Францускиот напаѓач е купен за 120 милиони евра оваа година од Атлетико Мадрид.

Сепак, според шпанските медиуми, одборот на Барселона стравува дека играчот може да заврши како Кутињо, кој е позајмен во Баерн Минхен.

Тренерот Ернесто Валверде најде простор за Гризман во првиот состав, но клубот не е во очекуваната форма.

Најтешките работи ќе бидат направени кога ќе се врати легендата на Барселона, Лионел Меси.