ФУДБАЛ

Барселона три месеци без Агуеро!

Аргентинскиот напаѓач ќе паузира подолг период, поточно три месеци.

Серхио Агуеро неодамна излезе против Алавес во првото полувреме поради проблеми со дишењето. Тој беше подложен на медицински тестови и беше откриено дека нема да може да игра во следните три месеци.

Тој ќе остане во болница уште неколку дена додека не се завршат сите тестови и не се утврдат причините за аритмијата што го спречи да го одигра натпреварот против Алавес. Се на се, од Барселона се свесни дека со месеци ќе бидат без искусен голгетер, а како да немаат доволно проблеми веќе…

Ова е уште еден силен удар за Барселона која летово го доведе 33-годишниот напаѓач на Манчестер Сити и кој го пропушти стартот на сезоната и токму додека играше дојде до повреда.

Тој официјално дебитираше за Барселона на 17 октомври и беше стрелец неодамна против Реал Мадрид во поразот од 2-1.