ФУДБАЛ

Барселона вечерва без еден од главните играчи му гостува на македонскиот голман Димитриевски

Барселона вечерва на гостински терен ќе се соочи со тимот на Рајо Валјекано за кој настапува македонскиот голман Столе Димитриевски. Димитриевски и неговиот тим се во одлична форма. На последните осум меча имаат пет победи, едно реми и два порази.

Според последните информации, Барселона има уште поголеми проблеми со составот. Имено, најавено е дека нема да играат Ансу Фати, Де Јонг, Брајтвајт, Дембеле, Араухо, Педри. Сите поради повреда.

Ако се знае дека Барса сезонава игра многу променливо, тогаш може да се претпостави дека и вечерашниот меч за нив ќе биде тежок.

 

ПОВРЗАНО

Столе Димитриевски