Фудбалерите на Барселона вечерва ги очекува голем предизвик.
Имено, тие ќе одиграат гостување кај Кадиз, а тоа е едно од најтешките гостувања за нив.
Барселона нема победа во последните четири натпревари, вклучително и два на Ноу Камп, против денешниот противник.
Двапати беа поразени, а двапати ремизираа и на тие четири натпревари успеаја да постигнат само два гола.
Последната победа против денешниот противник Барселона ја оствари во 2005/06 година кога славеше со голот на Роналдињо.
Сепак, Барселона денеска треба да победи бидејќи игра одлично, додека тимот на Кадиз е во страшна форма.
Сезонава немаат освоено ниту еден бод, а по четири одиграни натпревари имаат катастрофална гол-разлика 0:10.
Останува да се види дали Барселона конечно ќе оствари победа против Кадиз и на кој начин ќе биде, секако доколку успее.