Барселона го продаде фудбалерот и сега се обидуваат да го убедат да си замине
Каталонскиот гигант се договори за трансфер со лондонскиот тим вреден 18 милиони евра, но како и сè ова лето, на Барса нема да и биде лесно да заврши сè без проблеми.
Тодибо е подготвен да го напушти клубот, но не сака да замине во Фулам. Францускиот стопер повеќе сака да замине на друго место, па управата на тимот од „Камп Ноу“ прави се за да го убеди да замине во Фулам.
Засега, Тодибо не е подготвен да го стори тоа. Преговорите со клубот продолжуваат и сè треба да се знае до понеделник, кога е последниот ден од преодниот рок.
Тодибо пристигна во Барселона во 2018 година од Тулуз. Тој не играше премногу во каталонскиот клуб и настапи на само пет натпревари, а минатата сезона играше на позајмица во Шалке.