ФУДБАЛ

Барселона во голема неволја: Меси поради нивната одлука може да замине веќе во јануари

Заминувањето на Лионел Меси од Барселона е повторно главна тема во Шпанија, особено што му се отвори нова можност да го напушти клубот.

Имено, во Барселона се подготвува нов „круг“ на намалување на платите, и тоа беше една од причините зошто Меси сакаше да си замине.

Според шпанските медиуми, сè треба да се знае во следните петнаесет дена кога ќе се водат разговори со фудбалерите.

Доколку дојде до намалување на платата, голем број фудбалери на Барселона ќе можат да го раскинат договорот со Барселона поради законот за вработените во Шпанија, а меѓу нив е и Меси.

Аргентинецот, наводно, веќе е во преговори со Манчестер Сити, а би можел да стане нивен фудбалер во јануари.