ФУДБАЛ

Барселона заминува без бодови од гостувањето кај Леванте

Во рамки на 12. коло од шпанската Ла Лига, Леватне успеа да ја совлада моќната Барселона.

Лидерот во Ла Лига на гостувањето кај Леванте беше совладан со резултат од 3-1.

Барселона одлично го започна натпреварот но сепак, Леванте успеа да освои три бода и да направи простор, Реал кој е еден бод зад Барса да се врати на врвот на табелата.

Меси во 38. минта постигна гол од пенал за водство на Барселона, но Кампања по асистенцијата на Моралес во 61. минута го израмни резултатот на натпреварот.

Само две минути по израмнувањрто во 63. минута Мајорал успеа да направи пресврт и да го одведе Леванте во водство.

Радожа во 68. минута успеа да постигне гол за конечни 3-1 на натпреварот.

Со оваа победа Леванте се искачи за 4 позиции на табелата, сега се наоѓа на 8. позиција со 17 бода.

ПОВРЗАНО

Ла Лига