Барселона го најде своето присилно засилување во нападот. Каталонците добија одобрение од ЛаЛига да донесат нов играч по сериозната повреда на Оусман Дембеле, а тоа официјално го сторија утрово.
Клубот од „Ноу Кампа“ ја исплати откупната клаузула и Леганес немаше друг избор. Најдобриот играч во тимот Мартин Брајтвајт замина во Барселона.
Леганес веднаш побара од ЛаЛига да му се дозволи и последователен трансфер – што беше одбиено.
Поради овој факт, претседателот на клубот Виторија Павон, како и генералниот директор Марин Ортега, беа крајно фрустрирани.
„Ова е нешто што веќе можевме да го предвидиме и тоа сигурно нè направи послаби … Тука нема што повеќе да се каже, штетата е веќе направена“, рече Павон.
„Тековните регулативи се штетни за интегритетот на натпреварите и против правото на сите клубови да се натпреваруваат под еднакви услови. Нанесена ни е скоро непоправлива штета, но ќе дадеме се од себе за да го решиме тоа“, рече Ортега, додавајќи:
„Барселона знае колкава штета ни нанесе на нас откако Брајтвајт отиде кај нив … Ние веруваме дека правилото не е правично. Барселона профитираше од последиците на регулативата. Оштетената страна е Леганес“.