Претседателот на Барселона, Хосеп Марија Бартомеу, во разговор за „Марка“ изјави дека Усман Дембеле останува во клубот, и покрај бројните шпекулации.
Медиумите во Шпанија во изминативе месеци објавија дека лидерите на Каталонскиот клуб загубиле трпеливост и дека немаат повеќе нерви да ги трпат испадите на 22-годишниот фудбалер.
Талентот на Дембеле никогаш не е доведен во прашање, туку дисциплината. Овој млад фудбалер неколку пати не се појави на тренингот, бидејќи не можеше да стане, бидејќи до пет наутро играше игри, од кои е зависник.
Французинот имал многу проблеми со повредите, што му овозможило да работи одделно со физиотерапевтот за да се опорави што е можно поскоро, но потоа било откриено дека и таму не бил редовен.
Сепак, и покрај сето ова, првиот човекк на Барселона тврди дека Дембеле ќе остане во клубот, иако имаше шанса да го продаде ова лето.
„Ќе продолжиме заедно и следната сезона“, рече Бартомеу.