Жосеп Бартомеу скоро сигурно ќе биде сменет од функцијата претседател на Барселона во наредните денови.
Денес официјално беше потврдено дека се собрани доволен број потписи за гласање недоверба на Бартомеу и неговите соработници.
Беа собрани повеќе од 20.000 гласови и беше утврдено дека има над 16.250 потписи, што е доволно за да се продолжи процесот на изгласување недоверба.
Шпанските медиуми пишуваат дека всушност Бартомеу е веќе бивш и тие наведуваат дека тој навистина би можел да поднесе оставка со цел да се запре гласањето за недоверба.
За потсетување, навивачите на Барселона сметаат дека Бартомеу е главниот виновник за ситуацијата во клубот, поради што и Лионел Меси побара да си замине. За време на неговиот мандат, клубот потроши многу пари на засилувања, кои честопати беа целосни неуспеси, а исто така негодуваат што славната „Ла Масија“ беше запоставена.