Влегувањетѕо на богатите тајкуни во многу клубови, потполно го промениа светот на фудбалот.
Некои клубови од просечни станаа големи и играаат рамо до рамо со големите клубови кои своето име го заработиа со богато минато.
Претседателот на Барселона Џозеп Мариа Бартомеу смета дека никако не е фер другите клубови да користат финансиски средства кои не се заработени во фудбалот, односно користата извор на финансии од своите сопственици.
Бартомеу ги повика ФИФА и УЕФА да реагираат на вистински начин и да водат поголема грижа за финансискиот фер плај
„Не е фер некои клубови да користат средства и извори на финансии кои немаат врска со фудбалот. Погледнете ги само ПСЖ и Манчестер Сити“, рече Бартомеу, па продолжи:
„УЕФА и ФИФА мораат да одредат правила. Мора да се исполнуваат одредени услови за нивниот фер плеј да има смисла. Барселона е најпопуларниот клуб на светот и сите приходи ни доаѓаат од спортскиот сектор. Не е фер да другите да имаат поинакви извори“, рече Бартомеу.
Манчестер Сити и ПСЖ константно се под истрага на УЕФА, а англискиот клуб моментално се соочува со можни санкции, дури и со исфрлање од Европа.