Синоќа фудбалерите на Барселона убедливо го совладаа тимот на Виљареал со 4:1 во дербито од 34-то коло на шпанската Ла Лига.
Каталонскиот клуб е четири бода зад Реал Мадрид, но ќе биде многу тешко да се очекува дека до крајот на сезоната ќе можат да ги стигнат Кралевите на табелата и да ја одбранат титулата.
Реал Мадрид вчера одигра тежок натпревар против Атлетик Билбао и успеа да слави со голот на Серхио Рамос од пенал. Ова беше уште еден натпревар кој Реал го доби со гол од пенал, а многу се крева прашина по натпреварот.
Имено, многумина веруваат дека неколку минути по голот на Реал, судијата мораше да изведе пенал за домашната екипа затоа што Рамос изврши очигледен прекршок против Гарсија, но ВАР не одговори.
Секако, повеќето критики доаѓаа од Барселона, а синоќа зборуваше претседателот на каталонскиот клуб, Жосеп Марија Бартомеу и рече дека не фер врз основа на кој работи ВАР во Шпанија.
„ВАР не е фер за сите клубови во Шпанија. Секогаш работи само за еден клуб“, рече Бартомеу.