Поранешниот претседател на Барселона, Жозеп Марија Бартомеу негираше дека тој бил одговорен за откривањето на договорот со Лионел Меси .
Детали за платата на Аргентинецот беа откриени во „Ел Мундо“ за време на викендот, што предизвика немири на „Камп Ноу“, бидејќи само многу мал број луѓе можеа да бидат одговорни за протекувањето.
„Тоа е многу сериозна работа и е целосно нелегално да се издаваат професионални договори“, изјави Бартомеу за „Еспорт3“, негирајќи го неговото учество.
„Да се зборува на ТВ и да се обвинуваат е лесно, но не е шега и случајот ќе заврши на суд“, рече тој.
Меси потенцираше дека ќе преземе правна постапка против весникот за нивно објавување, додека верува дека информациите протекоа одвнатре.