ФУДБАЛ

Бартомеу потврди: Судбината на Марк Андре тер Штеген е конечно позната!

Тер Штеген и челниците на Барселона веќе подолго време преговараат за нов договор, а конечно е постигнат договор.

Ова го потврди вчера претседателот на Барселона, Жосеп Марија Бартомеу, како гостин на телевизијата „БЕИН“, и со тоа ги воодушеви сите фанови на овој клуб.

Тер Штеген на тој начин ќе потпише нов договор што ќе го задржи во Барселона до 2025 година, а овој одличен голман ќе добие значително зголемена плата.

Договорот ќе биде официјално потпишан пред почетокот на следната сезона, сè затоа што во моментов главниот фокус е на Лигата на шампионите.

Тој пристигна во Барселона во 2014 година од Борусија Менхенгладбах и тоа беше еден од најдобрите потези на управата на овој клуб.