Претседателот на Барселона, Жосеп Марија Бартомеу, се најде под голем шок од шпанската јавност и навивачите на Барселона, по новиот скандал.
Поточно, медиумите во Шпанија вчера објавија дека Бартомеу плаќал ПР агенција за односи со јавноста која имала задача да ги обвинуваат сите што му се спротивставиле, а наводно биле насочени кон Меси, Пике, Гвардиола, Чави …
Оваа вест жестоко ги вознемири навивачите, но и играчите на Барселона, кои веднаш бараа одговор од претседателот. Клубот денес ги негираше обвинувањата и рече дека не е вистина дека Бартомеу ги направил гореспоменатите работи.
Бартомеу реши да ги преземе работите во свои раце и повика итна средба со фудбалерите на Барселона. Тој сака да им стане јасно дека информациите објавени не се воопшто точни.
„Мундо Депортиво“ пишува дека средбата треба да се одржи денес по тренинзите, а главната цел е да го смири Меси.