Годините минуваат, пензионирањето на „sвездата“ на Аргентина ги загрижува сите на „Камп Ноу“.
Ова се денови кога за Лео Меси се зборува и пишува со најмногу заслуги.
Аргентинскиот напаѓач е секогаш на сечии усни за игрите што ги игра и спектаклот што го дава со дресот на Барселона.
Тој ја освои шестата „Златна топка“ во неговата извонредна кариера, исто така наскоро ќе мора да ги „обеси копачките“.
Поради оваа причина, претседателот на Барса, Бартомеу, вели дека е разбирливо загрижен.
„Да, загрижен сум за денот кога Меси ќе мора да одлучи да се повлече од играње фудбал“, рече Бартомеу.
„Би сакал тој да потпише друг договор затоа што сум убеден дека има уште многу години со Барселона. Тој нема проблем да го продолжи вонредното патување во овој клуб. Не се сомневам дека тој тука ќе ја заврши кариерата. Тој ќе го избере моментот кога ќе заврши со играње“, додаде шефот на каталонскиот клуб за „Радио Каталуља“.