ФУДБАЛ

Беа пријатели до синоќа: Реченицата што го испровоцира Роналдо! (ВИДЕО)

Кристијано Роналдо успешно реализираше два пенали и му помогна на Јувентус да ја победи Џенова на гости со 1:3.

Матија Перин се обиде на секој начин да го деконцентрира Роналдо, тој дури и го провоцираше на вториот пенал.

Откако Португалецот без проблем го погоди првиот, тој го шутираше вториот удар од белата точка во последните минути.

„Повторно шутираш во средина?“, Провоцира Перин од гол-линијата, што очигледно ја налути sвездата на Јувентус.

Роналдо шутираше насилно и погоди без никакви проблеми, со што стигна до 79-от гол на 100 настапи за Старата дама.

Инаку, Роналдо и Перин беа одлични пријатели до синоќа кога ја делеа соблекувалната во Јувентус, но прашање е каква ќе биде нивната врска по синоќешните провокации.