ФУДБАЛ

Бејл би можел да се врати во Тотенхем

Бејл би го поздравил враќање во клубот каде го направи своето име. За него интерес покажа и Манчестер Јунајтед

Тоа го кажа лондонската клупска легенда Клив Ален.

Според него, играчот на Реал Мадрид би понудил нешто што никој друг во лондонскиот клуб не може да го направи.

„Ако добиат играч од негов калибар во тимот, тој не само што може да помогне со неговиот талент, туку и ги воздигнува и ги мотивира сите други во клубот“, рече Ален.

Бејл летово требаше да го напушти Реал, откако доби огромна понуда од Кина.

Но, тој претпочита да продолжи да игра во Европа.

Покрај Тотенхем, интерес за велшката sвезда покажа и Манчестер Јунајтед.

Бејл би можел да го заврши успешното искуство во Мадрид во јануари, за конечно да се врати во Премиер лигата.

ПОВРЗАНО

Премиер Лига