Герет Бејл најверојатно ќе го напушти Реал Мадрид на крајот на сезоната.
Иако велшкиот фудбалер на настапите во медиумите тврди дека е среќен во Реал, гласините за неговото заминување се интензивираа по информациите дека тој не е во плановите на Зидан за следната сезона.
Со оглед на очекуваното, Бејл се покажа како промашување на Реал и не е изненадување што сега сакаат да се ослободат од него, при што САД се споменати како следна дестинација.
Клучно за неговото заминување за МЛС би можело да биде голфот, што е огромна страст за него, а тоа го откри во изјавата испратена од новинарот на Копе, Аранча Родригез.
„МЛС? Тоа е растечка лига, има многу играчи кои сакаат да одат таму сега, и сигурен сум дека и јас би бил заинтересиран. Јас сакам да одам на одмор во Лос Анџелес, секогаш играм многу голф таму“, вели Бејл, кој така отворено бара понуди од МЛС.
Оваа сезона, Бејл постигна само два гола на 14 одиграни натпревари. Многу малку за играч чиј годишен приход е 17 милиони евра.