ФУДБАЛ

Бејл доста тешко ја поднесе веста што пристигна: Го чека долга пауза

Велшкиот фудбалер Герет Бејл (32) ќе отсуствува од терените најмалку два месеци.

Бејл се здоби со повреда на бутниот мускул. Прегледите утврдија дека станува збор за сериозна повреда што ќе го одвои од терените долго време.

Тренерот на Реал нема да може да смета на услугите на велшкиот фудбалер најмалку два месеци, а постои можност оваа пауза да биде уште подолга.

Оваа вест е секако разочарувачка за Бејл кој влезе во новата сезона доста добро. Шпанските медиуми пишуваат дека Велшанецот многу лошо ја поднесе веста за неговото отсуство од теренот.

32-годишниот напаѓач ја имаше довербата во Карло Анчелоти и одигра многу добро по неговото враќање во клубот.

Бејл одигра три натпревари оваа сезона и постигна еден гол, а ова е веројатно неговата последна сезона во клубот бидејќи неговиот договор истекува во јуни следната година.