Зинедин Зидан веќе некое време сака да го види Пол Погба во неговиот тим.
Реал го донесе Еден Азар ова лето како најголемо засилување, а Зидан сакаше да го засили составот со својот сонародник, кој исто така сакаше да го напушти „Олд Трафорд“, но ништо од тоа.
Потоа, продолжи да се зборува за пристигнувањето на Погба во Мадрид и тренерот на Кралскиот клуб сепак не се откажа од играчот на Јунајтед, а исто така спомена и опции за замена каде Герет Бејл ќе замине во спротивна насока.
Сепак, поранешниот претседател на Реал, Рамон Калдерон смета дека би било грешка, иако тој потврди дека е вистина дека Зидан сакал да го донесе Погба.
„Се зборува за замена – Бејл или Хамес Родригез за Погба. Но, мислам дека тоа е само шпекулација“, рече Калдерон, продолжувајќи:
„Точно е дека Зидан го бара Погба. Долго го говореше тоа во јавноста. Но, мислам дека би било грешка, особено ако го пушти Бејл да оди“.
„Ако тој е подготвен и мотивиран, мислам дека тој е незаменлив за нас“, додаде поранешниот претседател на Реал Мадрид.