Фудбалерот на Реал Мадрид, Герет Бејл поради повреда нема да ги игра преостанатите две натпревари за Велс во квалификациите за Светското првенство во Русија против Грузија и Република Ирска.
Велшанецот настапи за Реал во Лигата на шампионите против Дортмунд, пред седум дена, а во неделата го пропушти натпреварот со Еспањол во шпанското првенство. Следниот натпревар во лигата на шампионите против неговиот екс-клуб, Тотенхем, е под знак прашалник.
Велс е втор во групата и со две победи најмалку ќе обезбеди бараж за Мундијалот.