ФУДБАЛ

Бејл го доживеа најголемото понижување откако e во Шпанија, но зборовите на Касемирo најдобро зборуваат за Реал

Тој во минатото беше играч на Реал Мадрид кој навивачите без причина не го сакаат, а еден од нив е Герет Бејл, кој и денес е член на кралевите.

Бејл одамна не изгледа заинтересиран за Реал Мадрид, па се верува дека конечно ќе го напушти клубот на крајот на сезоната како слободен играч. Велшанецот нема намера да остане во Мадрид и одамна ја загуби поддршката и довербата од навивачите.

Сепак, денешниот Реал е пообединет од кога било, тоа го покажува во изминатиот период, постигнувајќи одлични резултати, но и со изјави на поединци. Кога сите буквално го ставија Бејл на столбот на срамот, во негова одбрана застана неговиот соиграч Касемиро.

Да потсетиме, Бејл беше исвиркан кога влезе наместо Карим Бензема во саботата вечерта против Хетафе (2:0), а тоа не му се допадна на Бразилецот.

“Кога некој играч е исвиркан, сите сме исвиркани. Не ми се допадна затоа што Бејл влезе во историјата. Кога е исвиркуван таков играч, се исвиркува и историјата на клубот. Се надевам дека утре ќе не бодрат. Ни требаат”. изјави Касемиро на денешната прес-конференција.

Реал во Лондон славеше со 3:1, а утревечер ќе го пречека Челзи и е на добар пат да се пласира во новото полуфинале, додека од коло во коло е се поблиску до новата титула во Шпанија.

Конфликтот меѓу Бејл и навивачите во последно време се продлабочи. Навивачите го обвинуваат Велшанецот дека едноставно се грижи за Реал Мадрид, но тој игра со полна пареа за Велс.

Се на се, Бејл помина многу години во Реал, но очигледно дојде време да се раздели со клубот кој му плати над 100 милиони евра на Тотенхем.