Реал Мадрид го совлада Еспањол со 2:0. Стрелци за домашната екипа беа Рафаел Варен во првото и Карим Бензема во второто полувреме.
Герет Бејл не се натпреваруваше на овој натпревар, но повторно успеа да ги налути навивачите на „Кралскиот клуб“.
Имено, кога Бензема го постигна вториот гол, Бејл реши да го напушти стадионот, на 12 минути пред крајот на натпреварот, сметајќи го и судиското надополнивање.
Ова Велшанецот не го прави првпатоваа сезона. Прво го сторил против Леганес кога воопшто не го видел голот на Лука Јовиќ.
Тој го повтори истото однесување против Бетис на 2 ноември, средба која заврши без голови. Во тоа време и Хамес Родригез го напушти стадионот.
Тој дури и не го одигра натпреварот во Лигата на шампионите против Галатасарај, кој Кралевите го добија со високи 6-0.