ФУДБАЛ

Бејл не побара да го напушти Реал

Велшката sвезда планира да остане во Мадрид барем до крајот на тековната сезона. Ова го потврдува неговиот менаџер, Џонатан Барнет

Герет Бејл нема намера да го напушти Реал Мадрид во јануарскиот преоден рок.

Менаџерот на Бејл, вели дека поранешниот играч на Тотенхем никогаш не се обидел да го напушти шпанскиот гигант.

Барем до крајот на сезоната, Велшанецот ќе остане дел од „Лос Бланкос“.

„Ако има добра понуда и ако ја сака, ќе отиде да разговара со претседателот на Реал Мадрид. Ќе видиме каде сме“, рече Барнет.

Се вели дека Бејл покажал интерес за Манчестер Јунајтед, кој го сака во јануари.

Сепак, на офанзивниот играч му се допаѓа и поранешниот тим, Тотенхем.