ФУДБАЛ

Бејл не сака да замине од Реал

Велшанецот Герет Бејл на крајот ќе остане во Реал Мадрид.

Долго време се шпекулира, но сега ситуацијата е појасна.

„Мундо Депортиво“ пишува дека Зидан сака да се ослободи од Бејл, и го споменува неговото заминување во Кина, но фудбалерот не е за таа опција.

Има важечки договор до 2022 година и сака да го заврши.

Велшанецот е член на Реал Мадрид од 2013 година. Тој има освоено дури четири трофеи во Лигата на шампионите со клубот.

Тој одигра вкупно 249 натпревари за „Кралевите“ и постигна 105 голови, што во никој случај не е лошо ако се земе предвид колку време помина на теренот.

Тој се поврза и со клубови од Англија, особено Евертон.