Капитенот на репрезентацијата на Велс, Герет Бејл, вели дека бил сигурен во себе пред да го изведе пеналот кој му донесе бод на неговата репрезентација во дуелот со САД (1:1) во првото коло од групата Б на Мундијалот. во Катар.
Американците поведоа со голот на Тимоти Веа, а во 82. минута Бејл прво изнуди, а потоа реализираше пенал.
„Немаше сомнеж во мојот ум, чувствував дека тоа е моја одговорност и мило ми е што беше. Секако дека почувствував притисок, но тоа е моја работа и благодарен сум што топката влезе во голот“, изјави Бејл и додаде:
„Не бевме добри во првото полувреме, одигравме многу лошо, за разлика од нив. Шефот не критикуваше и смени неколку работи на полувремето. Се боревме во вториот дел и покажавме карактер, одигравме фантастично и тоа ни дава самодоверба. Голем поен и сега треба да се опоравиме“.
Тоа беше прв натпревар за Велшаните на Светското првенство од 1958 година, а клучната промена ја направи селекторот Роб Пејџ на полувремето, кога Кифер Мур го замени Даниел Џејмс.
„Не е проблем во Дан, но оваа игра беше погодна за Кифер да ни ја донесе топката на нивната половина, бидејќи не успеавме да се справиме со нивниот пресинг. Тоа направи голема разлика“, рече Пејџ, додавајќи:
„Овој натпревар ме потсети на натпреварот од ЕП со Швајцарија, потоа и ние се вративме и покажавме одлучност. Важно беше да не се загуби првиот натпревар“.