ФУДБАЛ

„Бејл повторно се заљуби во фудбалот“

Во рамките на Лигата на нации, репрезентацијата на Велс денес ќе ги одмери силите со Република Ирска.

За Велс треба да игра и нивниот најдобар играч Герет Бејл, кој според велшкиот селектор Роберт Пејџ, повторно ужива во фудбалот.

“Сега тој е сосема друга личност. Се чини дека Бејл повторно се заљуби во фудбалот. Игра во клуб каде што тренерот сака да го види, ужива во тренинзите и времето што го поминува на теренот”, изјави Пејџ и додаде:

“Очигледно Тотенхем го подготви Бејл да го одигра целиот натпревар со интензитет што се очекува од него. Дури и да го погледнете на тренинг, тој е импресивен. Добро е што Бејл повторно ужива во фудбалот, па се надеваме дека може да ни го пренесе тоа чувство на теренот”.