Велшкиот репрезентативец и напаѓачот на Реал, Герет Бејл, вели дека му падна тешко што не доби награда.
Бале зборуваше за заминувањето на Кристијано Роналдо во Јувентус, но и за тоа што не ја освои наградата за гол на годината, дури и неговите ножички во финалето на Лигата на Шампионите не беа во конкуренција.
“Очигледно е дека Реал Мадрид е различни, бидејќи немаме толку голем играч во составот. Да, вистина е, дека е порелаксирано. Сега имаме тим, работиме едни за други, не е само за еден играч”, изјави Бејл.
Потоа тој ја коментираше оваа “контроверзна одлука” на УЕФА.
“Не можам да верувам дека мојот гол не е на листата. Бев многу лут, сакам да знам кој ги избира тие голови. Дали е подобар од на Роналд? Не е мое да го кажам”, рече Бејл.