Герет Бејл е подготвен да го напушти Реал Мадрид.
Веќе подолго време, Велшанецот се поврзуваше со други клубови, порано беше близу да замине во Кина, а го бараше и Манчестер Јунајтед, едно време италијанскиот Интер, но се чини дека Бејл на крајот ќе заврши во Соединетите Американски Држави.
Според шпанските медиуми, 30-годишниот Бејл го напушта Реал и заминува во Интер Мајами, нов тим во МЛС кој го води Дејвид Бекам.
Покрај Интер Мајами, Бејл го посакува и Лос Анџелес Галакси, кој по Златан Ибрахимовиќ има намера да купи уште една европска фудбалска ѕвезда.
Бејл, кој дојде во Реал во 2013 година од Тотенхем, оваа сезона забележа вкупно 14 настапи и има постигнато два гола со две асистенции.