Герет Бејл уште еднаш покажа дека не му се игра во Реал Мадрид. Постојано извештаите говорат дека е повреден, дека има проблеми, дека не е спремен доволно, но затоа пак во репрезентативниот дрес постигнува евроголови. Тој беше стрелец на два гола во победата на Велс над Австрија со 2:1 и пласманот во финалето во баражот за СП, а особено прекрасен беше првиот од слободен удар.